Медведев: „Јужен тек“ не е под закана
22.04.2014 11:12
Според челникот на „Газпром- експорт“ иднината на „Јужен тек“ не е доведена во прашање поради кризата во Украина...

Проектот за гасоводот „Јужен тек“ не е под закана, и мора да биде поддржан, а не блокиран, вели во интервјуто за германски „Ханделсблат“ и за италијанскиот весник „Панорама“, Александар Медведев, генерален директор на „Газпром-екпорт“, фирма-ќерка на „Газпром“.
Од наша гледна точка, проектите не се под никаква закана, а обврските за испорака на рускиот гас се „врежани во камен“ со нашите долгорочни договори, вели во интервјуто Медведев, додавајќи дека ќе се изгради Јужниот тек, а Европа треба да сфати, со каква енергетска опасност се соочува, доколку не се реализира проектот.
