Воен конфликт
Киев: По референдумите нема да може да се преговара со Москва
26.09.2022 09:33
Четврти ден од референдумот во четирите украински области под руска контрола. Киев порача дека по гласањето нема да постои можност за преговори со Москва...

Четврти ден од референдумот во четирите украински области под руска контрола. Киев порача дека по гласањето нема да постои можност за преговори со Москва.
Русија го обвини непријателот за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан предупреди дека употребата на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и сојузниците ќе одговорат одлучно во таков случај.
Во меѓувреме, седум брода со жито заминаа од украинските пристаништа.
