Италија

Победа на крајната десница, Мелони е за единство

26.09.2022 09:33

Џорџа Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ ѝ обезбедија јасна победа на десничарската коалиција на парламентарните избори...

Џорџа Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ ѝ обезбедија јасна победа на десничарската коалиција на парламентарните избори.

Според излезните прогнози, Браќа на Италија добила речиси една четвртина од гласовите. 45-годишната Мелони изјави дека е потребно единство.

Лево-центристичката Демократска партија на поранешниот премиер Енрико Лета, ќе биде најголемата опозициска сила во парламентот. Италија по Грција е најзадолжената земја во еврозоната.