Швајцарија

Жените ќе работат една година повеќе за целосна пензија

26.09.2022 09:34

Швајцарците изгласаа зголемување на старосната граница за пензионирање на жените на 65 години...

Швајцарците изгласаа зголемување на старосната граница за пензионирање на жените на 65 години. „Подоцнежното пензионирање на жените не е само чекор назад во однос на еднаквоста, туку шлаканица за сите жени“, изјавија членови на Социјалистичката партија.

За понеделник најавија протести во Берн каде ќе го осудат исходот од референдумот.