Продолжува расправата за кризната состојба во енергетиката во матичната комисија
Денеска продолжува седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која се расправа за владината предлог-одлука за продолжување на кризната состојба заради недостиг на електрична енергија...

Денеска продолжува седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која се расправа за владината предлог-одлука за продолжување на кризната состојба заради недостиг на електрична енергија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се против кризната состојба, но бараат информација за тоа каде се потрошени парите. Останува на ставот за формирање анкетна комисија. Од Владата најавија дека во среда ќе биде презентиран новиот пакет антикризни мерки и законски измени.
Власта тврди дека рестрикции на струјата нема да има и дека ќе бидат реализирани договорите со Бугарија за набавка на мазут и гас.
