Македонија

Стопанството во очекување Владата да oбелодени дали ќе добие струја по прифатливи цени

26.09.2022 10:00

Владата очекува да ја добие финалната понуда од Турција за набавка на електрична енергија и енергенси за производство од соседите и државните компании. Договорот со Бугарија е блокиран во ценовната политика. Од Србија е договорена испорака на гас, се прецизираат деталите за транспортот...

Стопанството чека неделава Владата да oбелодени дали ќе добие струја по прифатливи цени. Владата очекува да ја добие финалната понуда од Турција за набавка на електрична енергија и енергенси за производство од соседите и државните компании.

Договорот со Бугарија е блокиран во ценовната политика, сè уште нема компромис колку би чинел мегават час. Европската Унија веќе најави дека очекува ограничување на 180 евра, но нема најави за нова средба на работните групи.

Од Србија е договорена испорака на гас, се прецизираат деталите за транспортот. Северниот сосед ја отвора преносната мрежа во текот на целиот период. Од Грција се очекува континуирана испорака на јаглен, мазут, и лигнит, енергенси неопходни за работа на домашните капацитети. И додека лобира, Владата ветува дека струја ќе има и за домаќинствата и за компаниите. Рестрикции велат нема да има. Три недели пред стартот на грејната сезона, неизвесно е и снабдувањето со топлинска енергија.