Пакистан
Шест пакистански војници загинаа во пад на воен хеликоптер
26.09.2022 10:08
Шестмина офицери на пакистанската армија загинаа во уривање на хеликоптер што е втор ваков инцидент во речиси два месеци, соопшти денеска војската...

Шестмина офицери на пакистанската армија загинаа во уривање на хеликоптер што е втор ваков инцидент во речиси два месеци, соопшти денеска војската.
Како што пренесува ДПА, несреќата се случила во југозападната провинција Белучистан, која граничи со Авганистан и Иран.
Во сличен инцидент во истиот регион на почетокот на август загинаа шест пакистански војници, вклучително и еден регионален командант. Војската соопшти дека несреќата била предизвикана од технички дефект.
