Македонски Манифест до Меркел
Помогнете и на Македонија да го одбрани сопственото вековно име

Помогнете и на Македонија да го одбрани сопственото вековно име, а со тоа и историскиот идентитет на Македонците, да не биде обезличена и избришена од картата на народите. Ова е побарано од германската канцеларка Ангела Меркел во писмото на групата Македонски Манифест во која се бара поддршка за зачувување на историското име. Групата во која членуваат еминентни интелектуалци од земјава потсетува дека на Македонија и се наметнати услови за прием во ЕУ и НАТО и оценува дека Меркел на состанокот во Берлин со посредникот Метју Нимиц застанала на страната на правдата. “Македонија е мала земја, но не смее да се заврзе уште повеќе во „македонскиот јазол“ како што ја нарече првиот германски амбасадор во земјава Ханс Лотар Штепан“, пишува во писмото. Македонија навистина направила многу за унапредување на добрососедските односи, иако тоа не е случај со Грција, што е заклучено и во извештајот на специјалниот известувач за малцинствата при Обединетите Нации. Грција ја блокира Македонија, иако петти пат едноподруго добива позитивни препораки од Европската Комисија. Тоа е спротивно на сите цивилизациски и хуманистички норми, целосен апсурд, се вели во писмото на групата Македонски Манифест до германската канцеларка Ангела Меркел.
