Свет

Цената на нафтата продолжува да паѓа

26.09.2022 10:47

Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат, втора сесија по ред, поради стравувањата од намалена побарувачка на гориво поради очекуваната глобална рецесија. Европската нафта од типот „брент“ за ноемвриската испорака падна за 1,24 долари или 1,44 отсто, на 84,91 долари за барел...

Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат, втора сесија по ред, поради стравувањата од намалена побарувачка на гориво поради очекуваната глобална рецесија предизвикана од зголемувањето на светските каматни стапки и јакнењето на американскиот долар.

Европската нафта од типот „брент“ за ноемвриската испорака падна за 1,24 долари или 1,44 отсто, на 84,91 долари за барел, покажуваат најновите достапни податоци на oilprice.com, кој ги следи пазарните цени во реално време.

Идните договори за американската сурова нафта WTI, исто така за испорака во ноември, потонаа за 1,32 долари или 1,68 отсто, на 77,42 долари за барел.