Регион
Курти реизбран за лидер на косовската владејачка партија
26.09.2022 11:02
Лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ), актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на таа владејачка партија...

Лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ), актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на партијата.
На вчерашните внатрешни избори на ВВ, како единствен кандидат, Курти доби 98 отсто од гласовите, против него гласале 0,89 отсто, додека 0,51 отсто не се изјасниле.
Курти беше лидер на ВВ од основањето на субјектот во 2005 до 2015 година, кога се повлече и кога на внатрешните избори за нов лидер беше избран Висар Имери. Во 2018 година Имери поднесе оставка, а на чело на партијата се врати Курти.
