Свет

Шест лица загинаа во вооружен напад во училиште во Русија

26.09.2022 11:19

Гувернерот на Република Удмуртија, Александар Бречалов потврди дека во нападот е убиено лице од обезбедувањето во училиштето 88, како и деца меѓу останатите жртви...

Вооружен маж денеска уби девет лица во училиште во рускиот град Ижевск пред да се самоубие. Меѓу жртвите има пет деца, двајца наставници и двајца обезбедувачи. Локалната полиција соопшти дека вооружениот напаѓач ранил 20 други во училиште во централна Русија.

Гувернерот на Република Удмуртија, Александар Бречалов потврди дека во нападот е убиено лице од обезбедувањето во училиштето 88, како и деца меѓу останатите жртви.

Според гувернерот и локалната полиција, напаѓачот се застрелал. Училиштето е евакуирано, а областа околу него е оградена, рече претставникот.

Не се објавени детали за напаѓачот или неговите мотиви.