Британскиот и норвешкиот амбасадор повикани во иранското МНР
Иранското МНР ги повика на разговор британскиот и норвешкиот амбасадор поради мешање и непријателско медиумско известување за немирите во земјата. Протестите почнаа поради смртта на Махса Амини која почина во притвор откако била уапсена поради неправилно носење на хиџаб...

Иранското МНР ги повика на разговор британскиот и норвешкиот амбасадор поради мешање и непријателско медиумско известување за немирите во земјата. Протестите почнаа поради смртта на Махса Амини која почина во притвор откако била уапсена поради неправилно носење на хиџаб.
Според демонстрантите, таа била физички малтретирана по што паднала во кома, но иранската полиција тврди – 22-годишната амини починала од срцев удар.
Во нередите загинаа над 40 лица. Властите го ограничија интернетот и мобилните услуги за да се спречи објавување на снимки од протестот. Иранскиот претседател Раиси нареди истрага и ја гарантира слободата на изразување.
