Фудбал

Мојес замина од Олд Трафорд

22.04.2014 11:26

Дејвид Мојес не е веќе менаџер на Манчестер Јунајтед. По разговорот што го имал со извршниот потпретседател на клубот Ед Вудворд, Мојес го напушта Олд Трафорд.Се очекува Рајан Гигс да го води Манчестер Јунајтед во предстојниот саботен натпревар од Премиер лигата против екипата на Норич.

Во изминатите 10 месеци под раководство на Дејвид Мојес, резултатите на Манчестер јунајтед беа далеку и од најпесимистичките очекувања.Рано во сезоната ја загуби трката за  титулата во Премиер лигата, елиминиран е од сите купови, по  две децении не обезбеди  пласман во Лигата на шампионите, шест пати во сезоната Манчестер Јунајтед беше поразен на Олд Трафорд!

Неофицијално, можен наследник на Дејвид Мојес би бил Луј Ван Гал, Јирген Клоп, Диего Симеоне, Лоран Блан...