Македонија

Османи: Нема да се признаат резултатите од руските референдуми во Украина

26.09.2022 12:41

Земјава нема да ги признае референдумите во украинските региони за приклучување кон Руската Федерација – вели шефот на дипломатијата Османи. Според него тоа е преседан и опасност за помалите држави...

Земјава нема да ги признае референдумите во украинските региони за приклучување кон Руската Федерација, потврди шефот на дипломатијата, Бујар Османи. Тој рече дека тоа претставува преседан и опасност за суверенитетот на другите помали држави. Османи информираше дека со руската амбасада во Скопје нема политичка комуникација и додаде дека е зачуден што дел од граѓаните во земјава ја оправдуваат руската агресија.

Османи, кој реферираше за надворешната политика на земјава, рече дека е формирана работната група за Бугарија. Неделава, помошниците на членовите на македонскиот тим историчари ќе одржат прв состанок. Веќе е повлечен учебник за историја за 7-мо одделение, согласно усвоените заклучоци.

Османи соопшти дека има комуникација со Софија, но не сака да коментира за содржината оти тоа што ќе се каже може да се злоупотреби во изборната кампања во Бугарија.

Ирина Гелевска