На позитивната листа на лекови и натаму нема ниту еден модерен контрацептив
Само 14 насто од жените во врска или во брак користат модерна контрацепција. Невладините здруженија бараат барем едно од овие средства за заштита да се стави на позитивна листа за да се намали бројот на абортуси и инфекциите...

Само 14 проценти од жените на возраст од 15 до 49 години во земјава, кои се во врска или во брак, користат контрацепција. Ниту едно контрацептивно средство не е на позитивната листа за да го покрие фондот. Организациите предупредуваат дека преку владината програма ова им следува сам на ограничен број жени од социјално-ранливи категории и жени со повторливи абортуси, но и тој број е намален од 150 на 50 жени. Финансиски и економски бариери го попречуваат пристапот до контрацепција, велат од Хера.
Пристапот до контрацепција ги намалува мајчината смртност за 25%, а смртноста на новороденчиња за 20%, вели претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство.
Ветувањата дека контрацептивните средства ќе се најдат на позитивната листа останаа само на хартија. Целиот трошок е на граѓаните, а ова честопати резултира со незаштитени сексуални односи.
Ана Ј. Тодоровска
