Османи: Информацијата дека ќе бидам сменет е лажна вест
Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, посочува дека партијата има големо ниво на демократија и секој има право да ги каже својот став но последниот збор, вели го има лидерот Ахмети...

Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција.
Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, посочува дека партијата има големо ниво на демократија и секој има право да ги каже својот став но последниот збор, вели го има лидерот Ахмети.
Прашан за тоа дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.
