Претседателски избори во Сирија во јуни
Во земјата која е разурната од граѓанската војна на 3 јуни ќе се одржат претседателски избори. Претседателот Асад сѐ уште официјално не ја најавил кандидатурата, но нема сомневање дека стреми кон нов седумгодишен мандат.

Сирискиот парламент одржа вонредна седница, по која претседателот на парламентот Мохамед ал-Лахам соопшти дека претседателските избори во земјата ќе се одржат на 3 јуни. На средината од март, парламентот веќе ги постави основите за реизбор на Башар ал-Асад. Имено, пратениците гласа за нов изборен закон, кој фактички од право да бидат избрани ги лиши опозиционерите кои се во егзил. Првпат по повеќе децении смеат да се кандидираат и членови на опозициските партии, но истовремено е утврдено дека кандидатите мора последните 10 години да живееле непрекинато во Сирија и да имаат исклучиво само сириско државјанство. На тој начин од избори се исклучуваат голем број претставници на Сириската национална коалиција, која важи за гласноговорник на умерената опозиција и е партнер за разговор на Западот.
Во граѓанската војна во Сирија од март 2011 -тадосега загинаа повеќе од 150 илјади луѓе, а девет милиони Сиријци се во бегство.