Култура

Интернационален фестивал на детски театри за прв пат во Скопје

26.09.2022 15:33

Идејата и иницијативата за формирање на нов театарски фестивал, посветен на детската професионална продукција од светот, има за цел да се промовираат новите содржини, форми, настани и текови кои се случуваат во светот на детскиот театар.

Од 30-ти септември до 4-ти октомври НУ Театар за деца и млади од Скопје е организатор и домаќин на првиот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Идејата и иницијативата за формирање на нов театарски фестивал, посветен на детската професионална продукција од светот, има за цел да се промовираат новите содржини, форми, настани и текови кои се случуваат во светот на детскиот театар.

Свеченото отворање ќе биде со претставата „Том Соер“ на домаќините т.е. на Театар за деца и млади од Скопје, а се до 4 октомври ќе бидат изведувани претставите на гостите на фестивалот како: „Авантурите на Барон Минхаузен“ во изведба на театарот Жар птица“ од Загреб – Хрватска, „Тивкото момче“ во изведба на Детски театар од Крагуевац-Србија, Театарот „Бабец“ од Битола ќе се претстави со претставата „Јованче и Марика“, Театарската компанија „Петра“ од Италија ќе ја изведе претставата „До границата“, Театарот „Хоп Сињор“ од Грција ќе се претстави со „Жирафа“, претставата „Маца Папучарка“ ќе ја изведе Градски театар од Подгорица – Црна Гора, албанскиот театар за деца и младинци од Скопје со „Вечерва не сум сам“, а со „Авантурите на малиот ЈуЈу“ ќе се претстави Градски театар од Риека-Хрватска.

Фестивалот е наменет за детската и младинската публика, но и за професионалните артисти и уметници кои создаваат во областа на детската театарска уметност. Главна мисија на овој фестивал е преку компетитивна програма да промовира квалитет, различност и новитети во детската театарска продукција велат од Театар за деца и млади.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат и панел дискусии и работилница за кукларство под менторство на Јакуб Максимов, театарски режисер и куклар од Чешка Република.