„Трето полувреме“ награден на Филмски фестивал во Атланта

22.04.2014 11:48

„Трето полувреме” досега учествуваше на фестивали во САД, Кина, Русија, Австрија, Чешката Република, Полска, Канада, а се продаде во Франција, Тајван, Кина, Јужна Кореја, Австралија и во Нов Зеланд...

Филмот „Трето полувреме” на режисерот и сценарист Дарко Митревски ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 14-тиот Еврејски филмски фестивал во Атланта, САД.
 
Филмот од страна на публиката е прогласен за најдобар и на 18-тиот Еврејски филмски фестивал во Детроит, САД.
 
Во Австралија филмот „Трето полувреме” наскоро ќе биде издаден на ДВД.
 
„Трето полувреме” досега учествуваше на фестивали во САД, Кина, Русија, Австрија, Чешката Република, Полска, Канада, а се продаде во Франција, Тајван, Кина, Јужна Кореја, Австралија и во Нов Зеланд.
 
Филмот премиерно беше прикажан за отворањето на 33. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во септември 2012., а беше и македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје.