Свет
Петнаесет жртви во нападот во руското училиште
26.09.2022 18:26
Властите објавија дека напаѓачот Артем Казанцов, во своите рани триесетти, убил двајца членови на обезбедувањето, а потоа пукал кон ученици и наставници во училиштето број 88 во Ижевск, каде некогаш учел и тој.
Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 15, објави Истражниот комитет.
Како што е наведено, вооружениот напаѓач, денеска, пред да изврши самоубиство, убил 15 луѓе, меѓу нив 11 деца, а повредил 24 лица.