Светска банка

Земјава со помала продуктивност од регионот

26.09.2022 19:57

Светска банка го претстави Извештајот за трговската конкурентност и за ефективноста на државната помош во земјава. Оттаму велат дека резултати имало, но оти е време да се преобмисли стратегијата, бидејќи се покажуваат слабости и повеќе нема толкави бенефити како во почетокот...

Светска банка го претстави Извештајот за трговската конкурентност и за ефективноста на државната помош во земјава. Оттаму велат дека резултати имало, но оти е време да се преобмисли стратегијата, бидејќи се покажуваат слабости и повеќе нема толкави бенефити како во почетокот. Констатирано дека 18 проценти од граѓаните живеат во сиромашија, а продуктувноста на работната сила е најниска во регионот.

Трговијата може да биде силен мотор на раст за Северна Македонија, преку трансформација на економијата, создавање одржливи работни места и намалување на сиромаштијата. Но, за да се случи ова, на земјата и треба поотворена и разновидна трговска политика, вклучително и поголем фокус на трговијата со услуги, за да ги искористи економските придобивки, рече во видео обраќањето на презентацијата Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија.

Трговската отвореност со услуги е послаба отколку за стока, што, според Извештајот, го истакнува неискористениот потенцијал за трговија со услуги, кој ќе биде клучен за трансформација на економијата кон онаа на земја со висок приход.

Според Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и еден од коавторите на Извештајот, новата трговска стратегија ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ја прошири својата економска диверзификација преку земјоделство, агро-бизнис, услуги и покомплексно производство, што на крајот ќе доведе до повеќе подобро платени работни места, раст и опстанок на бизнисот и намалување на сиромаштијата што е во согласност со она што Владата сака да го направи.то