Анкета на „Димитрија Чуповски“: ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратеници, СДСМ со 31
На прашањето за која партија би гласале - за 28,4 % изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 14,1% СДСМ. За ДУИ 7,1 %, додека за ДПА 4,9 %, а за ГРОМ 1 %...

43,2 % од испитаниците според анкетата на Институтот „Димитрија Чуповски“ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на парламентарните избори, а 12,9 % типуваат на СДСМ.
На прашањето за која партија би гласале - за 28,4 % изборот е ВМРО-ДПМНЕ, за 14,1% СДСМ. За ДУИ 7,1 %, додека за ДПА 4,9 %, а за ГРОМ 1 %. Пресметано во пратенички мандати, ова за ВМРО-ДПМНЕ ќе значи 63 места во парламентот, за Социјал-демократите 31 мандат, за ДУИ- 15, за ДПА- 10 и за ГРОМ едно место во законодавниот дом.
Во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, според институтот „Димитрија Чуповски“, граѓаните имаат најголема доверба. За него се изјасниле 29,7 %, втор на листата е Али Ахмети со 7,3 %, па Зоран Заев со 6,5 %. На четвртата позиција е Мендух Тачи со 4,4 %.
33,8 % од анкетираните одговориле дека во вториот круг за претседателските избори ќе гласаат за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, а 14,2 % за Стево Пендаровски.
Процентот на неопределените изнесува 25,3 %, додека 26,7 % одговориле дека нема да гласаат.
Телефонската анкета на институтот „Димитрија Чуповски“ е направена на 1.500 испитаници за сопствени потреби. Можната статистичка грешка е + - 2 %.
Aнкетата е спроведена во периодот меѓу 16 и 18 овој месец на ниво на целата територија на државата, со опфат на сите изборни единици.
