НАСА
Вселенско летало на НАСА успешно се судри со астероид
27.09.2022 08:13
Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид...

Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Тоа беше историска мисија бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот.
Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е името на НАСА за објект блиску до Земјата, астероид или комета, што може да се приближи до орбитата.
ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да го смени движењето на опасен објект со цел да се спречи истиот да удри во Земјата.
