Регион

Голем пожар во Крањ, евакуирани 67 лица

27.09.2022 09:30

Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евакуирани 67 лица...

Пожар синоќа избувна во стара напуштена зграда во словенечкиот град Крањ, при што од околните објекти се евакуирани 67 лица.

Во пламенот што избувнал околу 23:30 часот целосно е уништена зградата, додека од интензивната топлина е оштетен објект во непосредна близина, неколку возила и стакла на соседните згради.

Околу 1 часот по полноќ пожарот е локализиран. Причината за пожарот сè уште не е позната.