Нови гранатирања во Запорожје
Поради референдумот, Велика Британија воведува санкции за руски функционери. И натаму продолжуваат протестите против делумната воена мобилизација. Во меѓувреме, нови гранатирања во Запорожје...

Последен ден од гласањето во четирите украински окрузи за обединување со Русија. Поради референдумот, Велика Британија воведува санкции за руски функционери. И натаму продолжуваат протестите против делумната воена мобилизација. Досега се приведени над 2500 лица. Финска планира да подигне ограда на делот на границата со Русија за да се спречи илегалниот влез во земјата. Во меѓувреме, нови гранатирања во Запорожје, има повредени – тврдат локалните власти.
„Ситуацијата е особено интензивна во Доњецк. Правиме сè што можеме за да ја попречиме активноста на непријателот. Тоа е нашата главна цел“, вели претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Старите го преживуваат ова потешко. Постои страв, ама го живеете животот. Ќе бевме поздрави да имаше мир. Во последниве седум месеци споулавевме сите. Можеме да побегнеме, но моите предци беа родени овде, во истиов двор и овде ќе го завршиме животот“, вели жителка на Украина.
„Каде да одиме? Каде? Дали некому му требаме вакви, со ваква здравствена состојба?“
„Чекам да заврши ова што е можно поскоро за да можам повторно да работам, да живеам нормално. Навистина не е добро“.
Претседателот Путин порача – Западот мора да се однесува со почит. САД праќаат нова воена помош за Украина.
