Шок во Шефилд, Динг елиминиран во првото коло
73-от играч во светот Возли, мораше да одигра 4 квалификациски кола за да стигне на главниот турнир во Крусибл театарор во Шефилд...

Дебитантот Мајкл Возли го приреди најголемото изненадување во првото коло на светското првенство во снукер со победата над еден од главните фаворити за титулата кинезот Динг Жунхи. 73-от играч во светот Возли, мораше да одигра 4 квалификациски кола за да стигне на главниот турнир во Крусибл театарор во Шефилд, но никој не очекуваше дека ќе ја продолжи серијата победи и во првото коло против оваа сезона фантасточниот кинез кој освои дури 5 рангирни турнири пред настапот на светското првенство. Сето тоа го направи Динг главен фаворит заедно со ненадминатиот Рони О Саливен, но и покрај водството со 6-3 и 8-6 Динг неуспеа во дуелот со младиот англичанец, кој за воља на вистината имаше и малку среќа во решавачкиот 19-ти фрејм.Триумфот Возли го најави со брејкот од 103 во 18-от фрејм, а решавачкиот донесе многу пресврти, пропуштени шанси, среќна црвена за Возли и победа за англичанецот.
„Бев изненаден со неговата добра игра, со голем брејк се избори за решавачкиот фрејм во кој мене ми недостасуваше среќа, но сепак задоволен сум зошто го дадов својот максимум“- изјави по елиминацијата Динг кој дефинитивно разочара многу милиони кинези кои ја очекуваа титулата од својот миленик.
Куриозитет на првото коло на светското првенство е што дури 4 меча се решаваа во максималниот 19-ти фрејм.
