Завршува објаснувачкиот скрининг со ЕУ за кластерот „Темели“
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели“...

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели“.
Вчера се одржа објаснувачкиот скрининг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – „Функционирање на демократските институции“, во рамки на кластерот „Темели“, што е основна вредност врз која функционира Европската Унија.
– Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече вчера Маричиќ.
Скринингот за усогласување на нашето законодавство со тоа на ЕУ официјално почна на 15 септември, и според очекувањата на вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе трае до ноември 2023 година.
