Почина политички затвореник со најдолго издржана казна
Поради политички активности, во 1989-тата година бил осуден, а неговата казна два пати била продолжувана, еднаш поради писмо до „Обединетите нации“...

Почина Вин Тин, новинар од Бурма, кој како политички затвореник, издржал 19 години, што е најдолга затворска казна во оваа земја.
На воениот режим, во 1988 година се спротиставил со формирање на „Националната лига за демократија“, заедно со тогашната предводничка на опозицијата, Аун Сан Су Чи, инаку добитничка на „Нобеловата награда за мир“.
Поради политички активности, во 1989-тата година бил осуден, а неговата казна два пати била продолжувана, еднаш поради писмо до „Обединетите нации“.
Вин Тин бил ослободен 2008-та, во општа амнестија на затвореници, по што продолжил со активностите во неговата партија, во време на транзиција на бурманската влада од воена во граѓански избрана, иако приматот сеуште е во рацете на армијата.
Иако бил слободен, новинарот продолжил да ја носи затворската сина кошула, во знак на протест против репресијата на милитаризмот. До својата смрт говореше дека демократија во Бурма ќе нема, се додека војската доминира во политиката.
Вин Тин живееше 85 години.
Роберт Димковски
