Македонија

Владата утре треба да го обелодени пакетот антикризни мерки за енергетската криза

27.09.2022 12:00

Според најавите, Владата утре треба да го обелодени пакетот антикризни мерки за енергетската криза. 10-те најголеми компании, кои трошат 20 насто од струјата со конкретни предлози за државна поддршка...

Според најавите, Владата утре треба да го обелодени пакетот антикризни мерки за енергетската криза. 10-те најголеми компании, кои трошат 20 насто од струјата со конкретни предлози за државна поддршка.

Од Владата добија уверување дека има доволни количини електрична енергија по разумни цени. Сè уште траат преговорите со Бугарија по која цена ќе ни испорачува струја. Во пакетот мерки, во фокусот се компаниите што се на отворен пазар на струја. ЕСМ ќе ги покрива потребите на домаќинствата и фирмите.

Додека се чека моделот на државна поддршка, стопанството постојано алармира дека трошоците енормно растат, и во прашање е опстојувањето на бизнисот.