Бектеши: Според сите показатели годинава ќе бидат постигнати очекуваните резултати во туризмот
„Туризмот во последниве години се соочува со многу предизвици, кои влијаат на развојот на оваа индустрија. Имајќи предвид дека ова се светски кризи, во соработка со Светска туристичка организација се обидуваме да најдеме најдобри модели за справување со истите. Според сите показатели оваа година ќе бидат постигнати очекуваните резултати“...
„Туризмот во последниве години се соочува со многу предизвици, кои влијаат на развојот на оваа индустрија. Имајќи предвид дека ова се светски кризи, во соработка со Светска туристичка организација се обидуваме да најдеме најдобри модели за справување со истите. Според сите показатели оваа година ќе бидат постигнати очекуваните резултати“. Ова го проача министерот за економија Крешник Бектеши по повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот.
Како што кажа министерот според податоците во првите шест месеци годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,7%, а кај странските зголемувањето е за 109,9%.
„Иако овие бројки се за поздравување свесни сме дека сегашната криза со електричната енергија создава голем проблем во туристичката и угостителската индустрија. Кризата со недостаток на кадар исто така е во нашиот фокус и заедно со стопанските комори и здруженија и Академската фела работиме на изнаоѓање на решение за истото. Сето ова покажува дека туризмот е и ќе биде приоритет на Владата на РСМ бидејќи сме свесни дека е една од најзначајните гранки во економијата на нашата држава. Но, решението не можеме да го најдеме ние сами без Ваша поддршка, како и во минатите години така и во иднина заедно ќе работиме на изнаоѓање на решенија за сите проблеми со кои се соочуваме, кажа Бектеши.
Министерот нотираше дека во минатото сме докажале дека кога заедно се справуваме со проблемите резултатите се многу подобри што го покажува и Барометарот на Светската туристичка организација, според кој во 4-тото издание објавено во јули 2022 година, нашата Држава е на 5 место за најповолна афирирмирана туристичка дестинација од странските туристи што ја посетиле нашата земја.
