Николовски: Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има
Дополнително на денешната седница Владата ја усвои и новата програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2022 година. За реализација на оваа програма Владата од буџетот издвојува 20 милиони денари, рече Николовски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека леб, брашно, млеко и зејтин ќе има.
Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на прес-конференција откако претходно информира дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции.
Дополнително на денешната седница Владата ја усвои и новата програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2022 година. За реализација на оваа програма Владата од буџетот издвојува 20 милиони денари, рече Николовски.
Станува збор за нова програма со која се овозможува финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на јаболко од реколта 2022 година, а целата откупена количина на јаболка ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државни основни училишта во земјава, најдоцна до 15 декември 2022 година.
Со оваа мерка ги помагаме производителите на јаболка, но и обезбедуваме свежа и здрава ужинка за нашите деца во основите училишта. Преку оваа програма опфаќаме приближно 350 основни училишта, односно обезбедуваме здрава ужинка за околу 186.000 ученици, соопшти Николовски.
