Мелони со убедливо мнозинство
Нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажуваат конечните резултати од парламентарните избори.

Италијанската крајнодесничарска партија „Браќата на Италија“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 насто од гласовите на изборите. Нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажуваат конечните резултати од парламентарните избори.
Нејзиниот сојузник Матео освои 8,8 насто од гласовите, додека „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио Берлускони освои осум насто од гласовите во Долниот дом на парламентот.
Десничарскиот блок ќе има 237 од вкупно 400 места во долниот дом, Додека 115 од 200 места во Сенатот, со што ќе добијат убедливо мнозинство.
Мелони е првата жена шеф на италијанската влада.
