Автомобил падна во Вардар кај Желино, се трага по патниците
Преку бројот за итни повици 112 е добиена пријава од соообраќајната полиција од Тетово, во која се наведува дека автомобил Голф 4 со кумановски регистерски таблици движејки се на патниот правец село Желино кон Тетово, паднал од мостот на реката Вардар.

Автомобил падна од мост во Вардар кај тетовско Желино. Според Центарот за управување со кризи во автомобилот имало и луѓе. Нуркачи веќе се стигнати на лице место и ја пребаруваат реката, информираа од СВР Тетово.
Преку бројот за итни повици 112 е добиена пријава од соообраќајната полиција од Тетово, во која се наведува дека автомобил Голф 4 со кумановски регистерски таблици движејки се на патниот правец село Желино кон Тетово, паднал од мостот на реката Вардар.
Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време возилото во природен јаз е пропаднато. Не е утврдено дали во возилото имало патници, велат од ЦУК.
