Македонија
МВР: Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
27.09.2022 17:53
При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива.

Денеска во СВР Охрид приведен е Г.В.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
