МВР

Приведен криумчар на мигранти

27.09.2022 18:10

Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка...

Денеска околу 15.45 часот во близина на с.Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ж.(24) од Република Србија затоа што со возило "сааб" превезувал седум лица мигранти од Сирија.

Како што соопштија од МВР, претходно, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се дал во бегство, но бил стигнат, по што со мигрантите излегле од возилото и се обиделе да побегнат, но биле фатени и приведени во полициска станица.

Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против М.Ж. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.