„Иан“ ја погоди Куба, Флорида се подготвува за можна катастрофа
Се очекува смртоносната бура од трета категорија дополнително да се зајакне на патот кон Флорида, минувајќи низ топлите води на Мексиканскиот залив, и да премине во ураган од четврта категорија пред да удри на брегот. Гувернерот на Флорида предупреди на можна голема катастрофа.

Поројниот дожд и силниот ветер на разорната бура Иан ја погоди западна Куба. Во следните неколку часа ќе удри и на териториите Артемиса и Мајабеке. Евакуирани се над 50 илјади луѓе. „Не преместија од едена во друга соба, поради стаклените прозорци“, вели една жителка.
Се очекува смртоносната бура од трета категорија дополнително да се зајакне на патот кон Флорида, минувајќи низ топлите води на Мексиканскиот залив, и да премине во ураган од четврта категорија пред да удри на брегот. Гувернерот на Флорида предупреди на можна голема катастрофа. Се очекуваат ветриша од над 200 километри на час. Жителите ги прават последните подготовки. На готовс и болниците. Со хеликоптери се префрлаа најкритичните пациенти.
„Знаејќи какви сè може да бидат бурите, или какви поплави може да донесат, решивме тоа да го спречиме и да ги пренесеме пациентите на безбедно“, вели Брент Буриш, извршен директор во болница во Пасадена.
Подготвени и засолништата.
„Го правиме ова секоја година, правиме обуки за да бидеме подготвени. Работите не одат секогаш според планираното, но брзо се прилагодуваме и ги совладуваме предизвиците. Подготвени сме“, рече Карлос Меркадо, менаџер на засолниште.
Први на удар на ураганот се градовите Тампа и Санкт Петербург. Областа не претрпела директен удар од голем ураган уште од 1921 година.
Бојана Крстевски
