Македонија

Шест месеци условна казна за Алабаковски за потпалување на клубот „Иван Михајлов“ во Битола

27.09.2022 18:35

Според пресудата на Основниот суд во Битола, Алабаковски се согласил на ваквата казна. Тој за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.

Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабаковски доби условна казна од шест месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело, откако во јуни годинава го подметна пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Според пресудата на Основниот суд во Битола, Алабаковски се согласил на ваквата казна. Тој за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го сторил.

Алабаковски подметна пожар во клубот, по што беше приведен и го призна делото. По неколку дена беше пуштен во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.