Влада

Утврден Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје

27.09.2022 20:21

Владата на денешната 85-та седница го разгледа и го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување...

Владата на денешната 85-та седница го разгледа и го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.

Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности; спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите; создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност; и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите, информира владината прес-служба.

Како што се посочува во соопштението блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.