Бајден: Украина има поддршка од САД

22.04.2014 13:36

САД и Русија продолжуваат со обвинувањата, но Вашингтон не планира засега да го санкционира Путин...

САД стојат зад Украина пред „понижувачките закани“, изјави во Киев американскиот потпретседател, Џо Бајден кој допатува за да спасува што може од Женевскиот договор. Покрај симболичната поддршка, Бајден најавува и американска помош за зголемување на енергетската ефикасност на украинските нафтени полиња.

Кремљ возврати со- „војна меѓу Русија и Украина нема да има“, но нема да се дозволи дестабилизација, изјави заменикот министер за одбрана Антонов.

САД и Русија продолжуваат со обвинувањата, но Вашингтон не планира засега да го санкционира Путин. Кремљ предупредува – ризикуваат да свртат против себе две светски сили – Русија и Кина.

За да бидат работите уште покомплицирани, денеска во Украина почна кампањата за претседателските избори, со претставување на кандидатите на националната телевизија.

ОБСЕ ја оценува ситуацијата како мирна, освен на истокот. Од Луганск објавија дека референдумот за статусот на доњецкиот регион ќе се одржи во две фази: на 11 мај за отцепување или останување во Украина, а на 18 мај дали да стане независна држава или да се припои кон Русија.

 

Ивана Салтировска