Временска прогноза
Сончево со умерена облачност, во западните делови со услови за локален дожд
28.09.2022 08:00
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер.
