Ураган

Први жртви од ураганот Иан, се движи кон Флорида

28.09.2022 08:53

Најмалку две лица загинаа, а цела Куба остана без струја откако ураганот Иан удри во западниот брег на островот...

Најмалку две лица загинаа, а цела Куба остана без струја откако ураганот Иан удри во западниот брег на островот. Поројните дождови и силниот ветер оштети многу објекти низ земјата.

Смртоносната бура од четврта категорија се очекува да ја погоди Флорида. Над 2 милиони луѓе од западниот брег добија наредба за евакуација. Прв на удар е градот Тампа, и доколку биде директно погоден, според Националниот центар за урагани, областа ќе остане непрепознатлива во следните денови. Ова е најсилен ураган од 1921-та.