МО: Не дозволуваме какви било партиски или друг вид на влијание во Армијата
Пријавувањето и селекцијата за конкурсот за прием на професионални војници е според професионални норми и стандарди...

Пријавувањето и селекцијата за конкурсот за прием на професионални војници е според професионални норми и стандарди. Министерството за одбрана и Армијата не дозволуваат било какви партиски или друг вид влијанија, реагираа од ресорот. Во Армијата ќе бидат примени најдобрите што ги исполнуваат критериумите во огласот.
Политичките партии да се воздржат од било какви притисоци или влијанија врз сегашните и врз идните припадници на Армијата, бидејќи таа и служи на државата, а не на партиите, стои во дописот. СДСМ пак, целосно се огради од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново. Велат дека таа е злоупотребена и дека ќе има одговорност.
