Македонија

„Моето име е Медеја“, вечерва премиерно на сцената на Битолскиот театар

28.09.2022 10:15

Вечер на сцената на Битолскиот театар, премиера на претставата „Моето име е Медеја“, дело на словенечкиот режисер Себастијан Хорват. Античка драма во современо време, за голготата на битолска емигрантка во Цирих...

Битолскиот народен театар со нова содржина на својот репертоар. Вечер на сцената, премиерата „Моето име е Медеја“ во режија на еден од најпознатите словенечки режисери, Себастијан Хорват, работена по драматургија на Милан Рамшак Марковиќ од Србија. Античка драма со современ третман која ја опишува голготата на економска мигрантка од Битола во Цирих. Таа од една стана се бори со својот бивш маж околу старателството на детето, а од друга страна и со тамошната бирократија на тој западен систем.

„Мислам дека нема некоја голема разлика помеѓу Словенија и Македонија кога се сонува дека Швајцарија е некоја земја каде се е средено. И, во оваа нивна среденост во претставата има нешто ладно, некој патријархат кој на некој начин е посилен од овој во кој ние живееме“, вели Себастијан Хорват, режисер на претставата.

Во претставата настапува 14-члена актерска екипа. За главната хероина ова е претстава во која до израз доаѓа генијалноста во изнаоѓањето на театарски изразни решенија

Инаку од почетокот на идниот месец битолскиот ансамбл ќе има низа гостувања. Започнуваат со настапот на фестивалот во Куманово. Потоа, кон средината на месецот гостуваат на фестивал во Полска, а кон крајот на октомври настапуваат во Бугарија.

Стевче Митревски