Можна саботажа поврзана со истекување на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море
Шведската полиција соопшти дека покренала прелиминарна истрага за можна саботажа поврзана со истекување на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море, откако сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека забележале силни експлозии во областите во близина каде што биле пронајдени докази за истекување...

Шведската полиција соопшти дека покренала прелиминарна истрага за можна саботажа поврзана со истекување на гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море, откако сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека забележале силни експлозии во областите во близина каде што биле пронајдени докази за истекување. Портпаролот на националната полиција изјави дека шведската полиција утврдила извештај и дека класификацијата на криминалот е груба саботажа“.
Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак наведе дека пријавените истекувања на гас се „ништо повеќе од терористички напад планиран од Русија и акт на агресија кон ЕУ“. Тој ја обвини Русија дека сака да ја „дестабилизира економската ситуација во Европа и да предизвика пред-зимска паника со намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура.
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека протекувањето на гасоводот во гасоводот „Северен тек“ во Балтичко Море е чин на саботажа.
Русија, претходно изјави дека е крајно загрижена поради истекувањето. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да ја исклучи можноста од саботажа.
