Мелони: Украина може да смета на поддршка новата италијанска влада
Мелони беше една од ретките италијански политички лидери кои ја поддржаа одлуката на премиерот во заминување Марио Драги да испорача оружје на Украина, иако таа беше во опозиција на неговата влада...

Џорџа Мелони преку Твитер вети целосна поддршка за Украина од новата италијанска влада.
„Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста“, напиша Мелони на Твитер.
Мелони беше една од ретките италијански политички лидери кои ја поддржаа одлуката на премиерот во заминување Марио Драги да испорача оружје на Украина, иако таа беше во опозиција на неговата влада, пишуваат тамошните медиуми.
Италијанската крајнодесничарска партија „Браќа на Италија“, предводена од Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Парламентот, покажаа конечните изборни резултати објавени претходно.
