Пет земји-членки на НАТО почнаа воени вежби во Унгарија
Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и од Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни хаубици ПзХ-2000 и стотици на други возила...

Повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери почнаа воени вежби во близина на Будимпешта, што ќе траат до крајот на септември.
Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и од Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни хаубици ПзХ-2000 и стотици на други возила.
„Ова е првпат во реална ситуација во Унгарија да се тестира нова борбена група на НАТО, наменета за дополнително зајакнување на источното крило на Алијансата. Тоа е една од четирите нови борбени групи на НАТО. За време на оваа вежба, припадниците на армиите на тие земји меѓусебно се запознаваат со оружјето, опремата и процедурите и вршат заеднички тактички активности со боево гаѓање битки“, соопшти НАТО.
Маневрите се одржуваат на околу сто километри југозападно од Будимпешта на националниот воен полигон кај Варпалота, а јавноста во неколку градови е предупредена да очекува зголемена бучава поради прелетувањето на воените авиони.
