Демонстрации пред иранската амбасада во Аргентина
Феминистичкото движење во Аргентина се приклучи на меѓународното негодување за смртта на 22 годишната Махса Амини, девојка од Иран која почина во притвор откако беше приведена од полицијата за морал. Демонстрациите се одржаа пред иранската амбасада во Аргентина...

Феминистичкото движење во Аргентина се приклучи на меѓународното негодување за смртта на 22 годишната Махса Амини, девојка од Иран која почина во притвор откако беше приведена од полицијата за морал. Демонстрациите се одржаа пред иранската амбасада во Аргентина.
„Откако почнаа протестите во Иран сè што сакав да направам е да се вратам таму и да помогнам во борбата на кој било можен начин“, рече Диба Исмаили, демонстрант.
Во Иран масовните демонстрации траат веќе 12 дена. Групата „Иран за човекови права“ вели дека најмалку 76 лица се убиени. Официјални лица соопштија дека биле извршени повеќе од 1.200 апсења низ целата земја, вклучително и на активисти, адвокати и новинари.
