МЗТ против Лирија за продолжување на победничката серија
22.04.2014 14:00
Шампионот има максимален број на победи во почетните 4 кола во Супер лигата и е најсериозниот кандидат за тронот и оваа сезона.
Аеродромци се убедливи на патот на одбраната на двојната круна, што ќе биде нивно трето вакво остварување во низа, ако успеат да ја освојат и шампионската титула во македонското првенство. Купот го освоија, токму против денешниот противник, кој што им задаваше најмногу проблеми на кошаркарите на Мартич, во последниот натпревар на фајнал еит турнирот во Охрид.

Во првите 4 натпревари, пред налетот на МЗТ Скопје Аеродром потклекнаа Работнички во вечното дерби исполнето со тензија, Куманово во тесен натпревар што беше решен во последната минута, Кожув во меч што беше реприза на дуелите од минатогодишното финале и Струмица, во лесен тренинг на МЗТ пред Лирија.
Може многу лесно да се случи Лирија да ја има истата улога, спаринг партнер пред вечното дерби в петок во Градски Парк, но оставаме доза на резерва по одличната претстава на кошаркартите од Сарај во финалето на Купот.
Лирија има 2 победи и 2 пораза, во одиграните 4 средби, славеше против Куманово и Струмица, но загуби од Работнички и претходно од Кожув, во инфартк завршница на мечот во кој што во последните 30-тина секунди од продолжението Чупковиќ погоди три тројки и му го донесе триумфот на домаќинот.
Гостинскиот терен е слабата точка за Лирија, а МЗТ игра подеднакво без разлика каде настапува. Во составот на шампионот има по двајца кошаркари на секоја позиција, кои што се со вонсериски квалитети за наши прилики, но и кај Лирија има дел од кошаркарите што во минатото беа репрезентативци, што ги жнееја титулите во македонските првенства и кои што не го кажале последниот збор.
На табелата МЗТ има скор 4/0, пред Кожув со 3/1, Лирија со 2/2 и Работнички со 2/2. Куамново има 1/3, а Струмица 0/4.
Новата епизода меѓу МЗТ и Лирија ќе ја следите во 17:30 на МРТ1, а во денашната програма играат уште Работничи и Кожув, од 19 часот. И на тој натпревар се очекува неизвесна битка, со оглед на меѓусебното ривалство на двата клуба, кои што ги добија домашните дуели во регуларниот дел од сезоната.