Влада

Пакет мерки за справување со кризата

28.09.2022 12:19

Стопанството сè уште чека Владата да објави дали ќе добие струја по прифатливи цени. Иако беше најавено дека денеска ќе биде соопштен пакетот мерки за поддршка, од Владата посочија дека сè уште ги анализираат барањата на големите потрошувачи по средбата во Комората...

Стопанството сè уште чека Владата да објави дали ќе добие струја по прифатливи цени. Иако беше најавено дека денеска ќе биде соопштен пакетот мерки за поддршка, од Владата посочија дека сè уште ги анализираат барањата на големите потрошувачи по средбата во Комората.

Државата очекува да ја добие и финалната понуда од Турција за набавка на електрична енергија и енергенси за производство. Договорот со Бугарија е блокиран во ценовната политика, нема компромис. Со Србија е договорена испорака на гас,од Грција се очекува континуирана да добиваме јаглен, мазут, и лигнит за работа на домашните капацитети за коишто од владиниот кабинет најавија дека ќе работат со полн капацитет.

Две недели пред старт на сезоната, скопјани сè уште се во неизвесност дали ќе има топли радијатори откако БЕГ производство се изјасни дека нема ниту правна ниту финансиска можност да ја извршува дејноста. Надлежните уверуваат со поддршка на ЕСМ од државната каса, пари и енергенси има, парното ќе работи.