САД

Ураганот Ијан достигна трета категорија, на Флорида вонредна состојба

28.09.2022 12:26

Евакуирани се над два милиона луѓе. Националниот центар за урагани информираше дека се очекуваат изобилни врнежи, а бурата би можела да предизвика големи штети...

Ураганот Ијан достигна трета категорија со ветер со брзина до 200 километри на час. На Флорида е прогласена вонредна состојба. Евакуирани се над два милиона луѓе. Прв на удар е градот Тампа. Националниот центар за урагани информираше дека се очекуваат изобилни врнежи, а бурата би можела да предизвика големи штети.

„Ќе има катастрофални поплави и бура опасна по живот во регионот на Заливскиот брег. И секако, најголем ризик ќе биде во југозападниот регион. Во моментов во државата Флорида, има околу 8.000 објекти кои се без струја“, изјави гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

Најмалку две лица загинаа, а цела Куба остана без електрична енергија откако Ијан удри во западниот брег на островот.